Испрати на пријател

Содржина од Taratur.com%message %body

Над седумдесетина луѓе се затруени од слатки купени од слаткарницата Ринија во старата Скопска чаршија, пренесе телевизијата А1.

Иако објектот бил затворен од санитарната инспекција, газдата ги искинал лентите и повторно продолжил со работа. Информираните граѓани продолжиле да си купуваат.

Па, што ќе работат на инфективната клиника?

Да бидам и јас од корист, еве доставувам неколку предлог мерки со кои владата повторно ќе докаже дека мисли на овој народ.

Прво, би можело да се постави едно амбулантно возило пред слаткарницата. Па, сигурно има луѓе кои јадат и внатре мајка му стара. Таман ќе ги фати столицата, како што изјави почитуваната докторка за А1 и оп директно во возилото и на клиника. Треба дури и да има ургентна екипа од неколку доктори кои ќе стојат пред слаткарница. Ќе почекаат муштеријата поштено да си го изеде свое слатко и стапуваат во акција.

Може и натпревар да се организира, кој ќе има најмногу столици во еден ден. На тие со над 30 ќе им се доделува признание. За ’најинформиран’ серко. Како награда добива компилација најразновидни слатки од дотичната слаткарница.

Всушност, кога подобро ќе размисли човек пред локалот треба да има и неколку возила. Оти очигледно се работи за реномирана слаткарница со многу муштерии, кои не потпаѓаат под пропагандите на злите сили и не се согласуваат со вакви монтирани процеси.

Утрото, инспекторите успеале да го затворат локалот со помош на полицијата. Но, газдата ги скинал лентите и продолжил да си продава. Е, потоа, откако сопственикот повторно почнал да работи, излезе ресорниот министер и изјави дека инспекторите биле во мал број и не можеле да стигнат. Хм, да не јаделе и тие од слатките, па моментално ја имаат дваесет и четвртата столица?

Си велам, добро е што ДУИ е во власта. Замислете да не беше.... Сега ќе излезеа на протести против ’славомакедонскиот окупатор’ кој не им дозволува да јадат слатки и им ги затвора омилените локали. Сигурно се сеќавате кога излегоа да протестираат бидејќи шверцерите се бркаа од улиците. Па, и тие треба да јадат слатки!

Но, затоа Тачи може да излезе. Ако не е веќе излезен. И тој може да поентира. Ако не јадел слатки....

Јасно е дека клетите славомакедонци работат на тоа граѓаните од етничката заедница која се идентификуваше со бројот 25.17 да не ги вкусат земските задоволства. Па, тоа биле и отровни еклери.

Во инфективната клиника е полно од луѓе..... им се јавуваат и на роднини и пријатели да купат слатки, ако не купиле денес. Хм, а што им носат за понада?

П.С. Црвенковски и Груевски пак се расправаат по медиуми. А, да им однесеше некој од слатките, па да се празнат на друго место....





29.09.2008

Најнова Фотка
Балканкан
Анкета
Временска Прогноза
Скопје сега

Температура: 14°C
Времето во моментов
Најнови вести
16:46
Книга на годината од 119 томови!
Во земјата на чудата
14:09
12:33
Запознајте ја рибата Шрек
Во земјата на чудата
12:23
Спорт
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
Баерн бара пари oд ФИФА за Робен
slikaАктуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен во првите две кола доживеа неколку стресни ситуации и еден голем шок, а дел од вината ја префрлаат на Холандскиот фудбалски сојуз.
Шалке со најскап состав досега
Шалке со најскап состав досега
slikaПосле многу бројните трансфери ова лето вецешампионот на Германија, Шалке 04 го собра најскапиот состав од формирањето на клубот досега. Според елитниот спортски сајт „трансфермакет“ идеалната единаесеторка на Феликс Магат чини точно 101,5 милиони евра, а како најскапо проценет е младиот голман Ноер.
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
Мурињо: Милан може да ја освои Лигата на шампионите
slikaНовиот тренер на Реал Мадрид смета дека Милан е еден од претендентите за освојување на Лигата на шампионите оваа година, со пристигнувањето на Ибра и Робињо на „Сан Сиро“.
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
Капело: Бев бог, а сега сум чудовиште
slika„Ме направивте бог, а после тоа ме прогласивте за чудовиште, зар не е така? Оваа екипа изгуби само еден натпревар на СП, и тоа после огромна судиска грешка, но повеќе на тоа никој не се сеќава. После тоа мислењето за мене потполно се промени“, изјави Капело пред почетокот на квалификациите за Европското првенство.
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
Скандал: Европјаните смрдат како цркнати магариња
slikaKoшаркарот на американската репрезентација Дени Гренџер предизвика скандал откако на својот профил на Твитер напишал дека европјаните смрдат како мртви магариња.
Резултати сега!
Фото
Смртоносни тетоважи Фото: Кој ќе исплива побрзо со секс кукли! Фото: Танцот на девиците за кралот на Свазиленд Швалери
Видео
Еве зошто кинеската стока е толку евтина! Го распара небото Жестока борба со кучиња Одвратно добар трик го шокираше жирито
(©) 2006-2010 Taratur.com