Тинејџер од Колорадо изнајмил платени убијци да ја убијат неговата мајка, за со нејзините пари да и плати операција за зголемување на градите на својата девојка.
Осумнаесетгодишниот
Никита Ли Вајс, е уапсен под сомнение дека го планирал убиство на сопствената мајка, рече
Мајк Барнет заменик шефот на полицијата во градот Фонтана, САД.
Девојката на Вајс,
Софија Никол Алсепт, и двајцата најмени момчиња, 18-годишниот
Хуан Антонио Велез Гонзалез и 19-годишниот
Брендон Мајкл Сорок, исто така се уапсени и обвинети за истото казнено дело како и Никита.
Мајката на тинејџерот била нападната во четвртокот со дрвена бејзбол палка во својата куќа, но успала да побегне и по пружената лекарска помош во петокот била пуштена од болница.
Според полицијата Вајс сакал да го продаде автомобилот на мајка му и да и земе пари од нејзините банковни сметки, за да и плати платична операција на неговата 21-годишна девојка.
Со истрагата било утврдено дека тинејџерите планирале да го замотаат телото на жената и да се ослободат од него во Њу Мексико или Аризона. Тинејџерите се наоѓаат во притвор, а им е одредена кауција од 50 илјади долари.
28.09.2008