Пиштолот со кој Гаврило Принцип во Сараево на 28 јуни 1914 година, го уби престолонаследникот Франц Фердинанд, а со тоа го однесе светот во Првата светска војна, од четврток за прв пат ќе биде изложен пред британската јавност во Кралскиот воен музеј во Лондон.
Како што пишува британскиот весник Гардијан, во Кралскиот воен музеј ќе биде изложен белгискиот пиштолол Browning, модел од 1910 година, и рачно изработена граната. Тоа се доказите што ги собра полицијата по атентатот кој го изврши
Принцип и група негови истомисленици во Сараево.
Последиците од куршумот испукан од малиот црн пиштол беа не само животот на
Франц Фердинанд и неговата сопруга, туку и на милион други луѓе низ цела Европа, пишува Гардијан.

Изложбата во музејот кој се одржува по повод 90 години од примирјето со кое е завршена Првата светска војна, содржи голем број експонати, а завршува со зборовите на францускиот маршал
Фош после потпишаниот договор: „Ова не е мир, ова е примирје кое ќе трае 20 години.“
Пиштолот на Гаврило Принцип и гранатата, на лондонскиот музеј им ги позајми музејот за воена историја Heeresgeschichtliches во Виена, најстариот и најголем музеј од овој вид во светот.
25.09.2008