Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com
Таратур - зошто баш овде?


1. Закупот на еден банер за цел месец на Таратур ќе ве чини помалку отколку да откупите една страна во весник или неколку секунди реклама на ТВ и тоа во полош термин. Не треба да објаснуваме дека месечната реклама на Таратур ќе биде далеку поефективна.

2. Таратур е забавно-информативен портал кој постои од јануари 2006 и оттогаш создаде име, на кое илјадници луѓе секојдневно му веруваат.

3. Со рекламирањето на Таратур за многу кратко време ќе ја зголемите посетеноста на вашата веб страна, што ќе резултира со зголемување на продажбата на вашите производи и услуги.

4. Интернет маркетингот е во експанзија во светот, а и кај нас почнуваат да се движат работите во тој правец. Но, можете да станете далеку попрепознатливи и попопуларни доколку токму сега ја истакнете вашата прогресивност рекламирајќи се на Интернет.

5. Интернетот не познава физички и политички граници на некоја територија. Преку него вие сте присутни низ цел свет - во секој дом. За оваа цел, имаме воспоставено соработка со еден од најпопуларните словенечки и српски сајтови, а производот од таа соработка е се повеќе посетители од поранешните ЈУ простори на Таратур.

6. Секоја промена на кампањата, слоганот, и други информации во овој случај ќе биде прашање на момент, за разлика од другите медиуми, каде е прашање на денови и пари.

7. Интернетот им овозможува на вашите потенцијални муштерии веднаш да ги дознаат сите неопходни информации за вашата понуда или производ, па дури и активно да се вклучат во евентуалната ваша кампања.

8. Интернетот нуди лесни и брзи начини да ги испитате желбите и потребите на вашите потенцијални купувачи, практично без никакви вложувања.

За разлика од повеќето портали, на Таратур не се практикува размена на банери. Бидете сигурни дека вашиот банер ќе биде забележан, односно нема да се изгуби во „џунглата“ бесплатни банери!



Кои се можностите?

Таратур ви нуди откуп на банер простор по мошне пристапни цени. Ви гарантираме дека во сооднос со посетеноста, ви нудиме најповолни цени во цела Македонија.

Ексклузивно - можност за плаќање по прикази;
Принципот, кој моментално е најпопуларен во светот. Плаќате онолку, колку што ќе се појави вашиот банер. Имате пристап до независен статистички центар, преку кој секојдневно можете да видите за секој ден колку пати се прикажал и бил посетен вашиот банер!




Можност за лебдечки банер;

Спонзорирани рубрики – Специјална и ексклузивна можност;

Посебен пакет за спортската рубрика;

Спонзорирана статија – Вашиот комерцијален оглас пред нашите посетители, повеќе од поволно;

Логото на вашата компанија на видео клиповите што се посетувани од илјадници луѓе;

Анкети – се` она што сте сакале да го дознаете;

Наградни игри, заеднички акции...

Ново - Игри по ваша нарачка


Покрај тоа, изработуваме веб страни, банери и други веб апликации.

Ние сме отворени за секој друг вид на маркетинг соработка.

За сите дополнителни прашања, ве молиме контактирајте не на:

marketing@taratur.com

urednik@taratur.com


или на нашите контакт тел. 070 937 168 и 075 607 802

Ве очекуваме!
16.01.2007

Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!