За сите љубители на скапоцени работи, од Бентли ќе ги израдуваат со добри вести. Британскиот производител на луксузни автомобили, својата лепеза производи од есенва ја прошири со ништо помалку луксузен – лаптоп!
Британскиот производител на луксузни автомобили Бентли, од 1998 година во сопствеништво на германскиот Фолксваген, оваа есен на својата лепеза производи ќе додаде и компјутер, украсен со бело злато, вреден 10 илјади фунти, објави компанијата.

Компјутерот Его ќе биде произведен во најмногу 250 примероци, ќе биде рачно изработен, а надворешната обвивка во целост ќе биде обложена со кожа, во склад со внатрешноста на автомобилите на Бентли.
Исто така, лаптопот ќе биде обоен во склад со најпопуларните бои на возилата. Компјутерот ќе биде опремен со wi-fi, bluetooth и webcam.
23.09.2008