Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Фантазирате за секс во кој вие сте владетелка, за потчинетост во кој го слушате партнерот или пак за егзибиционистички секс во кој ве гледаат други? Сексуалните фантазии откриваат каква личност сте, а она за што мечтаете воопшто не мора да биде поврзано со сексот.

Повеќето фантазии можат да се поделат во четири основни групи: доминација, потчинетост, желба некој да ве гледа, желба вие да гледате.

Прочитајте каква личност сте и воедно пронајдете го одговорот како да си ги исполните своите фантазии.


Доминација – сакате да имате контрола

Фантазија – гледате згоден фраер во некое кафуле и си замислувате како го одвлекувате во тоалетот на еден брз, жесток секс.

Докторот вели: Фантазирате за секс без емоции, животински и див. Жените воглавно во реалниот живот сексот го поврзуваат со емоции, па во фантазиите им се препуштаат на мечтаењата за страст без обврски.

Што ви треба? Повеќе акција, а помалку муабети. Ставете му јазик в уво додека сте излезени или орално задоволете го додека се возите од забава дома. Местото на акцијата ќе му додаде на вашиот секс повеќе страст и ќе ви овозможи љубовта да ја оставите малку настрана.


Потчинетост – сакате некој да доминира над вас

Фантазија – мечтаете да водите љубов заврзани или некој да ве земе додека спиете.

Докторот вели: Не сте сигурни во себе и својата сила и тоа ве прави да имате помалку самодоверба за време на сексот. Воедно и помалку уживате. Размислувањето за тоа како само лежите додека партнерот ве задоволува ве возбудува се додека не треба вие да преземете акција.

Што треба да направите? Страсна ноќ во која вие ќе го задоволувате. Речете му на партнерот дека една вечер вие ќе бидете главниот актер во акцијата, а другата тој.


Воајеризам – сакате да гледате други

Фантазија – замислувате како некоја ваша пријателка води љубов со своето момче.

Докторот вели: Освен природната љубопитност, во овој случај можеби се работи и за малку завист и желба за натпревар. Дел од вас можеби сака да сте барем малку на нејзиното место.

Што треба да правите? Сосредочете се на своите квалитети и она што го имате, а не на нивните. Настојувајте да развиете квалитети какви што сакате да имате. Од друга страна, немојте да ја игнорирате ни палавата страна на оваа фантазија. Она што замислувате дека тие прават повторете го со вашиот партнер.


Егзибиционизам – сакате да ве гледаат

Фантазија – голи сте на плажа, а од зад грмушка ве гледаат неколку папараци.

Докторот вели: Мечтаењето за некоја егзотична локација и луѓе кои ќе ве набљудуваат открива дека сте личност која се уште не ја покажала својата дива страна, која веројатно на некој начин ја потиснува семејството или партнерот.

Што треба? Бегство на место на кое можете целосно да се опуштите и да го покажете своето вистинско јас. Ако никогаш не сте биле со некого за една ноќ, заведете некој непознат, а ако сакате сигурност, научете да сурфате и спијте под ѕвездите. Така што, важно е да правите нешто возбудливо што порано не сте го правеле.

23.09.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika