Што е заедничко за Дејвид Духовни, комичарот Расел Бренд и Мајкл Даглас? Мислите дека во прашање е некоја листа за славни? Е, овој пат не е. И тројцата признаа дека се зависни од секс.
Зависноста од сексот подразбира сексуално однесување кое влијае на нормалниот живот на поединецот. Ваквото однесување може да ја поремети врската, работата, здравјето и/или психолошката состојба на личноста.
И покрај сите непријатни последици од таквото сексуално однесување, личноста зависна од секс продолжува со штетното однесување.
48-годишниот
Дејвид Духовни неодамна се пријави во клиника за да се справи со зависноста од секс, а на ова наводно се одлучил за да го спаси тоа што останало од неговиот брак со актерката
Теа Леони.
Но, Духовни веројатно не онадел настрана. Барем не физички. Дејвид всушност станал опседнат од онлајн порнографија. Многумина останаа шокирани од ваквата вест, но тоа предизвика и полемика – дали навистина постои зависност од секс.
Д-р Симон Кели, психијатар консултант во центарот за рехабилитација на славните The Priory, вели дека околу ова прашање не се согласуваат дури ни академиците.
Во медицинскиот свет се поставува прашањето дали сексуалната зависност е само облик на човековото однесување или навистина е здравствена состојба.
Како и да е, д-р Симон Кели тврди дека човекот може да биде зависен од секс, како што некој е зависен од дрога или алкохол, како и дека сексуалната зависност може и медицински да се докаже.
„Луѓето имаат систем на наградување во мозокот. За време на одредени задоволства, предизвици или возбудувања, мозокот испушта допамин. Кога некој се коцка, има секс, купува скапа облека, пие или се дрогира, се испушта многу допамин“, вели д-р Кели.
„Очигледно е дека ако можете да бидете зависни од дрога, алкохол или коцкање, може да бидете зависни и од секс, бидејќи и тогаш мозокот лачи допамин, поради кој се чувствуваме добро“, вели тој.
Било кој може да стане зависен од секс, ова не е болест само на познатите, а кога ќе се земе предвид колку експлицитни содржини нуди интернетот и колку луѓе секојдневно ги гледаат, личноста зависна од секс не мора да е сексуално активна за да стане зависна од секс.
Се случува луѓето да влезат во маѓепсан круг, бидејќи нивното однесување е проследено со лачење на допамин поради кој се чувствуваат добро. Гледањето порнографија станува навика, а навиката преоѓа во зависност.
„Мажите се многу повеќе склони кон зависноста од секс, отколку жените“, вели Д-р. Кели. „Тие можат многу брзо сексуално да се возбудат благодарение на визуелната стимулација, а со жените воглавно е поразлично“.
22.09.2008