Реалните шоуа, инстант ѕвездите, Интернетот, социјалното опкружување.... има многу фактори заради кои дури една седмина од испитаните тинејџери најмногу сакаат да бидат ѕвезди!
„Да се биде ѕвезда“ стана занимање, кое се третира исто како и професијата лекар, полицаец или адвокат.
Дури четвртина до испитаниците на возраст меѓу 16 и 21 година сакаат да бидат пејачи или членови на бенд, што воедно, меѓу анкетираните и професија број еден. На второ место е работа во медиумите, пред се на телевизија.
Занимањето „ѕвезда“ го избрале 14 насто од испитаниците. Сепак, интересно е дека 13 проценти сакаат да бидат учители, 12% доктори, 11% сакаат да се адвокати, а 8 проценти би работеле како медицински сестри.
„Младите денеска се под големо влијание на славните. Тој термин пред триесетина година се користеше исклучиво за многу познати глумци и пејачи, но сега, некој е славен, затоа што е славен“, вели
Енди Мадимер од Alliance & Leicester банката, која го спроведе истражувањето.
Според анкетата топ занимања за младите се:
1. пејач, музичар, член на бенд
2. работа на телевизија
3. ѕвезда
4. моден креатор
5. учител
6. лекар
7. адвокат
8. војник
9. новинар и
10. спортист
19.09.2008