Од Пиволенд тимот известуваат дека програмата на првиот гурмански викенд со пиво - Пиволенд ќе се одвива така што во четврток и недела ќе завршуваат во 1 часот по полноќ.
Останатите два дена (петок-19 и сабота-20 Септември) ќе бидат до врв полни со забавно-уметничка програма на неколку сцени. Журките во овие два дена ќе се одвиваат до 04 часот наутро, соопштуваат организаторите, кои ги замолуваат сите гости да ги одморат своите моторни возила во овие четири дена и да ја искористат приликата да се прошетаат до прекрасната тврдина Kале.
Покрај тоа, потврдено е дека свое учество на првиот гурмански викенд со пиво-Пиволенд ќе земат вкупно 23 пивски брендови, претставувани од 12 излагачи.
Храна ќе има од буквално секаков вид. Скара, пастрмајлии, риба, макробиотика, егзотика итн.
„Нашите гости, скараџиските ’репрезентативци’ од Лесковац, Србија ќе ја направат најголемата плескавица досега зготвена во Македонија. Плескавицата ќе тежи над 20 килограми“, соопштуваат организаторите.
Специјален гостин на првиот гурмански фестивал со пиво - Пиволенд ќе биде господинот Вања Маслов, директор на белградскиот пивофест, а своето учество го потврди и амбасадорката на кралството Холандија, Г-ѓата Симоне Филипини.
Еве ја целосната програма:
| кликнете на сликата за да се зголеми |
18.09.2008