Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Ватикан соопшти дека теоријата за еволуцијата е согласна со учењето на Библијата, но дека нема да има никакви постхумни извинувања до Чарлс Дарвин, бидејќи Црквата никогаш не ја забранила неговата книга Потеклото на видовите.

Ватиканскиот министер за култура, надбискупот Џанфранко Раваси најави за март следната година конференција на научниците, теолозите и филозофите во Рим, по повод 150 години од објавувањето на Дарвиновата книга ’Потеклото на видовите’, која ги постави темелите на теоријата за еволуцијата.

Христијанските цркви долго време се спротивставуваа со Дарвиновото учење затоа што неговата теорија за настанокот противречи на креационизмот, односно буквалното читање на библискиот опис за настанокот, според кој Бог е создател на светот.

Водечкиот свештеник на Агликанската црква, Малком Браун, пред некој ден изјави дека Англиската црква му должи извинување на Дарвин заради рецепцијата на неговото учење маѓу англиканците во Велика Британија.

Папата Пие XII во 1950 година оцени дека еволуцијата е исправен научен пристап за настанокот на луѓето, додека папата Јован Павле II истото го повтори во 1996 година.

Меѓутоа Раваси рече дека Ватикан нема намера да се извинува заради поранешните негативни ставови за Дарвиновото учење. Тој наведе дека Дарвиновата теорија и неговата книга никогаш не била осудена или забранета од страна на Католичката црква.

Други христијани, воглавно конзервативните протестанти во САД буквално ја толкуваат Генезата и се противат на предавањата за теоријата за еволуцијата на часовите по биологија.

Католичката црква меѓутоа не застапува буквално читање на Генезата според која Бог го создал светот за шест дена, што е пак основа за креационизмот, туку наведува дека станува збор за алегорија за начинот на кој Бог го создал светот.

Раваси наведе дека креационизмот припаѓа „стриктно на теолошката сфера“ и дека не може „идеолошки да се користи во науката“.

Католичката црква се залага за „теистичка еволуција“, сфаќање кое ја прифаќа еволуцијата како научна теорија и според која не постојат причини зошто Бог не би можел да ги искористи еволуциските процеси во создавање на човековиот вид.

Папата Бенедикт XVI во говорот во Париз минатата недела зборуваше и против буквалното читање на Библијата.


18.09.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika