Несекојдневните атмосферски услови во Велика Британија резултираа со појава на виножито на небото, свртено нагоре.
Овој феномен, кој инаку ретко се гледа надвор од поларните региони, го забележа 60-годишната астрономка, д-р
Жаклин Митон, близу својот дом во Кембриџ.
„Никогаш немав видено вакво нешто досега, а имам 60 години. Условите беа исполнети: мора да има вистински ледени кристали и небото да биде чисто. Сепак изненадувачки е вакво нешто близу Кембриџ, обично се случува на места каде е поладно“, вели д-р Митон, член на Royal Astronomical Society која пишува астрономски книги за деца.
Виножито се појавува на небото кога сончевата светлина ќе помине низ влажниот воздих, но виножито свртено наопаку се појавува кога сончевата светлината се одбива од ледените кристали високо во атмосферата, а кои ја одбиваат светлината нагоре и на тој начин формира „обратно виножито“.
17.09.2008