Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Научниците за првпат снимија планета надвор од нашиот сончев систем која кружи околу ѕвезда слична на нашето Сонце.

Ѕвездата 1РХС Ј160929.1-210524 и новооткриената планета се наоѓаат надвор од Сончевиот систем, на одалеченост од оклу 500 светлосни години од Земјата.

Тројца научници од Универзитетот во Торонто ги снимија ѕвездата и планетата со помош на телескоп кој се наоѓа во набљудувачницата Гемини, на Хаваи. Давид Лафрение, Реј Џајавардхана и Мартен Х. Ван Керквијк, резултатите од своето истражување ги објавија во Национал Географик.

„Ова е прв пат да видиме ваква планета, надвор од сончевиот систем, која кружи во орбита околу ѕвезда слична на нашето Сонце. Засега не можеме со сигурност да потврдиме дали планетата со ѕвездата е поврзана со гравитација, а ако успееме во тоа, ќе биде тоа голем чекор напред“, вели Давид Лафрение, еден од научниците.

Новооткриената планета се наоѓа на голема оддалеченост од ѕвездата – дури 330 пати поголема од таа меѓу нашата Земја и Сонцето. За споредба, една од најдалечните планите во нашиот Сончев систем, Нептун е само 30 пати пооддалечена од Сонцето.

Д-р Мет Бурли од британскиот Универзитет во Лестер вели дека пронајдената планета е „многу добар кандидат за прва планета надвор од Сончевиот систем, која во орбитата кружи околу некоја ѕвезда“. Тој за Би-Би-Си рече дека сега е потребно само да се докаже дека ѕвездата и планетата заедно патуваат низ вселената.

Докажувањето на тоа, би можело да потрае и до две години. Засега е познато дека планетата е осум пати поголема од Јупитер и дека многу потопол од него, со температури од 1.500 степени целзиусови. Овие разлики, ја прават планетата непогодна за живот, иако има наоди за присуство на вода и јаглерод моноксид во атмосферата.

16.09.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika