Сопругите на превработените, загрижени мажи среќата се почесто ја бараат во туѓа постела. Причината е едноставна – нивните преоптоварени мажи им станале досадни и неинтересни.
Сопствениците на веб страната за осамени срца во брак, забележале дека откако финансиската криза го зафати светскиот пазар, на нивната страна се пријавиле два пати поголем број жени.
Најверојатно тие се вртат кон изневерувањето, бидејќи финансиската криза ги прави нивните мажи „досадни“, принудувајќи ги да работат подолго, да се грижат дали ќе ја загубат работата и да ги избегнуваат друштвените активности.
Сара Хартли, портпарол на страницата за осамени срца IllicitEncounters.com, вели дека расположението на жените кои бараат нежност и забава настрана може да се осознае во исповедта на една од корисничките, која тврди дека некогаш била занемарувана поради голфот, а денес поради финансискиот крах.
Нејзиниот сопруг, тврди жената, воопшто не и посветува внимание уште од Нова Година и премногу е зафатен.
Како што вели, додека маж и бил опседнат со голф, барем бил среќен, додека денес мора да живее со маж кој станува рано, работи до доцна, се плаши за својата работа, постојано е на телефон и се повлекол од друштвениот живот.
„Половина од жените со кои разговараме се омажени за менаџери на високи позиции, чија работа е тесно поврзана со економијата. И повеќето од нив се приклучиле бидејќи мажите воопшто не се забавни и секој вид страст и интимност исчезнале со влегувањето во 2008 година“, вели портпаролот на веб страната.
Оваа страна постои од 2003 година и има 235 илјади членови. До 2007 година на ден се зачленувале по 55 жени, а во 2008 се зачленуваат по 100.
12.09.2008