Најнова Фотка
Забрането прдење
Аирлија нека е!
Airlija
Топки +
Авангарда
Rosetta Stone -  Leave Me For Dead

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

По девет години работа, руските археолози на брегот на Каспиското езеро го пронајдоа одамна загубениот главен град на Хазарите, кои своевремено владееја со јужните делови на Русија.

„Ова е големо откритие”, рече организаторот на експедицијата Дмитриј Васиљев од Астраханскиот државен универзитет по враќањето од наоѓалиштето во близина на селото Самосделка на брегот на Каспиското езеро.

„Сега можеме да ја разјасниме една од најголемите мистерии од тој период - како живееле Хазарите. Многу малку знаеме за нив, за нивните обичаи, погребни обреди, културата”, рече Васиљев.

Станува збор за главниот град на Хазарите, полуномадски народ кој ја прифатил еврејската религија како официјална вера во периодот меѓу 8. и 10. век, кога ги покориле владетелите на древна Русија.

Во својот врв хазарската држава контролирала поголем дел од денешна јужна Русија, западен Казакстан, источна Украина, Азербејџан и големи делови на севернокавкаското подрачје.

Во арапските хроники градот се споменува под името Итил, но Васиљев вели дека ова име веројатно ја означувало Волга на која бил изграден градот или подрачјето околу делтата.

Итил наводно бил мултиетнички град чии жители биле од еврејска, христијанска, муслиманска и паганска вера, а неговите остатоци никогаш не се пронајдени, за кои се верувало дека ги поплавило Каспиското езеро.

Археолозите истражуваат на подрачјето на Самосделка изминативе девет години, но дури сега собрале доволно докази, што ја поддржуваат нивната теза, вклучувајќи ги и остатоците од древната тврдина од цигли.

„Внатре во тврдината пронајдовме колиби слични на јуртите, кои се типични за хазарските градови... Тврдината има триаголен облик и била изградена од цигли. Тоа е уште еден доказ дека не станува збор за обичен град.”

Во ископувањата летово учествуваа околу 10 универзитетски археолози и 50 студенти, а делумно беа финансирани од Еврејскиот универзитето во Москва и Рускиот еврејски конгрес.

5.09.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
Манчестер најдобар во светот, Работнички на 229 позиција
slikaКако што објави Меѓународниот фудбалски институт за статистика, англискиот и европски шампион е најдобриот фудбалски клуб во 2008 година.
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
Роналдо доживеа тешка сообраќајна несреќа
slikaКристијано Роналдо, добитникот на Златната топка за 2008 година, доживеа претпладнево тешка сообраќајна несреќа.
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
Ето: На Меси воопшто не му требаат тренинзи
slikaКамерунскиот напаѓач смета дека предоцна се вратил од одмор и дека заради тоа потфрли во саботниот меч против Мајорка. Според него, на Меси тоа не може да му се случи.
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
Раниери би вечерал со симпатичниот Мурињо
slikaКлаудио Раниери на почетокот на сезоната немаше простор за уживање. Јувентус нижеше лоши резултати и неговата клупа беше прилично нестабилна.
Ван дер Варт назад во Германија
Ван дер Варт назад во Германија
slikaХоландскиот репрезентативец само што дојде во Мадрид, а челниците на Реал веќе сакаат да се ослободат од него. Наводно го нудат во замена за Диего од Вердер.
Агер во Милано?
Агер во Милано?
slikaИталијанскиот гигант Милан му понуди осум милиони евра на Ливерпул за данскиот одбранбен фудбалер Даниел Агер, пишува La Gazzetta dello Sport.
Резултати сега!
slika