Судиите потсвесно ги фаворизираат спортистите во црвени дресови, се наведува во истражувањето објавено во новиот број на магазинот Pshychological Science.
„Изборот на дрес со црвена боја во спортот може да влијае на способноста за брзо одлучување на судијата па дури и да предизвика пристрасност во доделувањето на бодовите”, наведуваат авторите на студијата, психолози од универзитетот Минстер, во Германија.
Научниците им покажале снимки од боречки натпреварувања на група од 42 специјализирани судиии. На снимките еден од спортистите имал црвен дрес, а другиот син. Судиите потаа го оценувале настапот на двајцата натпреварувачи.
Наспроти тоа, прикажана им е и друга борба во која со компјутерски трик, им биле заменети бојата на дресовите. Натпреварувачот облечен во црвено, а кој претходно бил во сино, добил во просек 13 отсто повеќе поени, навеле психолозите.
Научниците забележале дека одлуките на судиите одат во корист на спортистот во црвен дрес во случаите кога двајцата натпреварувачи биле изедначени.
13.08.2008