Славниот португалски напаѓач, Жоао Пинто се реши на неполни 37 години да стави крај на професионалната фудбалска кариера.
Пинто, кој во август ќе полни 37 години, професионалната кариера ја започна во Боависта во 1988 година, а по две солидни сезони во дресот на португалскиот прволигаш се пресели во шпански Атлетико Мадрид, во кој не успеа да се избори за место во тимот, па повторно се врати меѓу "црно-белите" од Порто.
Одигрувајќи ја сезоната 1991-1992 на високо ниво следеше ангажман од страна на Бенфика, каде и ја стекна најголемата слава освојувајќи две шампионски титули и одигрувајќи во дресот на „супер орлите“ 302 меча и постигнувајќи 90 гола за осум години во клубот.
За националниот состав одигра 81 натпревар и постигна 23 гола.
23.07.2008