Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

По испратеното писмо до Караманлис, македонскиот премиер проблемот со Грција го издигна на уште повисоко ниво. Груевски му испрати писмо и на шефот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. Го пренесуваме во целост.

Ваша Екселенцијо,

Пренесувајќи Ви ги изразите на високо почитување, Ве молам дозволете ми да Ви се обратам во врска со прашање од исклучително значење за Република Македонија, како мултиетничка демократија и земја, која без резерви и искрено се стреми кон целосна имплементација на меѓународните норми и стандарди за човековите права, вклучително и правата на припадниците на малцинствата, за што доказ е постојаното унапредување на нашиот етаблиран модел на мултиетнички и мултиконфесионален соживот.

Имено, прашањето на состојбата на припадниците на македонското етничко малцинство во Грција, кое не е признато од државата, како и проблемот со државјанството и имотите на лицата од македонско етничко потекло родени во Грција, веќе подолго време се на дневен ред на меѓународните владини и невладини организации.

Грчките власти на Македонците веќе подолго време го оспоруваат нивниот идентитет што претставува директно кршење на меѓународното право од областа на основните човекови слободи и права.

Со децении, Грција води силна асимилаторска политика преку забрана за слободно декларирање на нивниот национален идентитет, проследено со систематски мерки на забрана на употреба на македонскиот јазик и практицирање на културата, промена на топонимите, забрана за организирано дејствување и сурово казнување на македонските активисти, со чии дејствија се повредуваат одредбите на Европската конвенција за човекови права и Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, чиј потписник е Грција.

Генерално, припадниците на македонското малцинство во Грција се предмет на силна повеќе децениска дискриминаторска политика која води кон исчезнување на македонскиот идентитет во Грција.

За потребата од покренување на ова прашање сведочи и ставот на Европската Комисија против расизмот и нетолеранцијата, која во својот трет извештај за Грција, ја анализира состојбата на македонската заедница во таа земја и ги „охрабрува властите во Грција да продолжат со напорите за подобрување на ситуацијата на припадниците на малцинските групи, вклучително и на македонската заедница“.

Понатаму, ЕКРИ силно им препорачува на грчките власти да отпочнат дијалог со македонските претставници за да се најде решение за тензиите меѓу оваа група и властите.

Вториот, и не помалку важен аспект на ова прашање е третманот на протераните лица за време на Граѓанската војна во Грција од 1946-49 година, како и на нивните потомци, без оглед на тоа дали тие живеат во Република Македонија или во други држави ширум светот.

На тие лица им се оневозможува враќање во својата земја, спротивно на членот 13 став 2 од Универзалната декларација за човекови права, членот 1 од Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација и членот 14 од Европската конвенција за човекови права.

Тие не можат да ги посетат своите родни места, не можат да добијат грчко државјанство врз основа на местото на раѓање доколку не се декларираат како Грци по род (без оглед што најголемиот дел од нив веќе поседувале грчко државјанство кое подоцна им е одземено), ниту можат да ја повратат сопственоста на своите имоти, со што се прави груб упад во едно од основните човекови права, правото на приватна сопственост.

Владата на Република Македонија апелира, во рамките на Вашите надлежности, лично да се заложите за доследно почитување од страна на Грција на обврските кои произлегуваат од меѓународните инструменти за човековите права, со посебен акцент врз слободно изразување на етничкиот идентитет и сите права што произлегуваат од тоа, правото на слободно движење и враќање во својата земја, како и неотуѓивото право на приватна сопственост.

Нашите очекувања се Грција, како држава членка на ЕУ и НАТО, (организации втемелени врз демократијата, владеење на правото и универзалното почитување и заштита на човековите права и слободи за сите,) како и договорна страна на основните инструменти за човековите права, да започне дијалог кој ќе доведе до исполнување на препораките на ЕКРИ, што ќе претставува поттик за натамошно унапредување на добрососедските односи меѓу двете држави и ќе има позитивни импликации за состојбите во целиот регион, на неговата стабилизација, просперитет и вклучување во ЕУ и НАТО.

Во времето кога принципите на демократијата и основните човекови права и слободи претставуваат услов без кој не се може, градењето на пријателство и иднина врз трагедијата на одредена популација претставува чекор кој отстапува од вредностите во кои заеднички веруваме.

Во очекување на Ваша лична заложба и ангажман поврзан со ова прашање, Ве молам, примете ги изразите на високо почитување.


Со почит,
Никола ГРУЕВСКИ
Скопје, 20 јули 2008 година


21.07.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +