Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Во конкуренција на 600 студенти од 42 земји во светот, Македонката Нена Бошковска од Архитектонскиот факултет во Скопје, се избори за пласман во полуфиналето на престижниот меѓународен студентски конкурс Електролукс дизајн лаб ’08.

Решението што го дизајнирала Македонката Нена Бошковска е прогласено за едно од 21 најкреативна технолошка иновација во светот, кои влегуваат во полуфинале на годинашниот Електролукс дизајн лаб ’08, на тема Дизајнирај за интернет-генерацијата.

Над 600 пријавени студенти со своите иновации годинава се натпреваруваа кој ќе осмисли најдобар уред за домаќинство кој се однесува на скорешна иднина (две до три години од сега), а е наменет за т.н. интернет генерација.

Тие требаше да ги одразат суштинските интереси на интернет генерацијата, како и нивната потреба од мобилност, динамичен живот, посветеност, ограничено време за домаќински работи, грижа за употреба на одредени материјали, грижа за средината, но исто така и забава, висока свесност за технологија, потреба од персонализирани уреди, итн.

Бошковска, заедно со уште 20 други полуфиналисти сега ќе се борат за влез во големото финале што ќе се одржи во Цирих на 9 октомври 2008 година, каде ќе учествуваат 8-те најдобри студенти-дизајнери.

Македонија, земја со наголем број на апликанти во Балканскиот регион, учествува по трет пат на Електролукс дизајн лаб ’08 , а ова е најголем успех што досега го постигнал наш студент на овој престижен меѓународен студентски натпревар по дизајн, кој постои од 2003 година.

Жирито веќе започна со изборот на најдобрите осум идеи и креативни концепти пријавени на Дизајн лаб. Финалистите на овој натпревар, ќе имаат можност, со помош на иноваторите од Електролукс глобал дизајн центрите од Европа, да ги изработат прототипите на своите концепти. Изборот на осумте финалисти е во тек, а нивните имиња ќе бидат објавини кон средината на месец јуни.

“Решенијата кои ги добивме се високо квалитетни, полни со иновативност, воопшто нема да биде лесна задача да се изберат врвните финалисти“, изјави Хенрик Ото, директор на Глобал дизајн во Електролукс.

Пријавените дела доаѓаат од студенти од Аргентина, Австралија, Австрија, Белгија, Бразил, Канада, Кина, Чиле, Хрватска, Чешка, Англија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Индија, Индонезија, Иран, Италија, Јапонија, Литванија, Луксембург, Македонија, Малезија, Мексико, Норвешка, Филипини, Полска, Португалија, Романија, Русија, Словачка, Јужна Кореа, Шпанија, Шведска, Тајланд, Турција, Велика Британија, САД и Украина.




18.07.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +