Овие посебни мали живеалишта инсталирани меѓу крошните ја разбудуваат подзаспаната фантазија, ги враќаат спомените од детството и желбата пак да се најдеме во волшебниот свет меѓу лисјата.
Куќичка на дрво. На времето, детска авантура, денес романтично одморалиште за возрасните. Горе, каде што сите звуци и погледи се поразлични, работењето непречено, а исто така и мечтаењето и опуштањето...

Овие уникатни модерни куќарки се многу поразлични од типичните детски куќички на дрво. Се работи за индустриски производ, со фино изработена внатрешност и направени само за возрасни, па слободно на врата можете да го обесите знакот „Влезот за деца строго забранет“.

Модерната куќарка на дрво е совршено прибежиште и додаток на вашиот ’земјен’ дом.

Секако, ова се вистински мали домови на дрво. Ги произведува Баумрам, германска комапнија која конструира само такви артистички куќарки, а со нив ви дава доживотна гаранција на прекрасен поглед и најзелена тераса.

Нивните ремек дела се доволно убаво опремени што можат да послужат и како соба за гости или дури како вистински дом, за што сведочат многу млади двојки кои одлучиле да живеат во природа.
Повеќе:
www.baumraum.de
8.07.2008