Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.

Сопственикот на Челзи Роман Абрамович ужива кога на Стенфор Бриџ гледа свои земјаци, а Аршавин е прилика која сигурно нема да ја пропушти.

Луис Фелипе Сколари својот нов тим веќе го засили со Деко, Робињо наводно е на само чекор до клубот, а желбата на сопственикот е Аршавин. За Русинот кој беше брилијантен на Европското првенство сериозно загриза и Барселона, а дури и самиот Аршавин изјави дека кариерата сака да ја продолжи во Шпанија.

Меѓутоа, извор од Зенит, на кој се повикува The Mirror вели дека Челзи и рускиот клуб договориле се и останува уште трансферот да биде официјално објавен во спортската јавност.

„Аршавин го привлекуваше Шпанија, но смета дека на неговиот стил на игра повеќе му одговара Англија, а една од причините за договор со Челзи е и Роман Абрамович, кој директно се залага за негово доаѓање“, The Mirror ги пренесува зборовите на доушникот на рускиот табор.

Филип Крстевски/Таратур
4.07.2008

Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!