Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Фановите на Милан станаа толку огорчени од водењето на клубот што ги натера да започнат петиција против сопственикот, со цел Милан да биде продаден на нов сопственик, кој ќе вложи многу повеќе од сегашниот.

Берлускони моментално има многу поважни работи од водење на клубот, што доведе до револт кај навивачите затоа што Милан ова лето сеуште не доведе ниту едно големо засилување.

Навивачите започнаа петиција со која од Берлускони бараат да го продаде клубот или во спротивно ќе ги бојкотираат натпреварите. Во текстот на петицијата стои: „Клубот искажа недостаток на финансиска моќ во однос на англиските и шпанските клубови, па ги повикуваме сите навивачи да не одат на натпревари се додека Милан не добие нов сопственик. Благодарни сме за сторената рабора од претседателот, но во изминатите две години освојувавме трофеи само поради тоа што фудбалерите дадоа 110% и направија чудо, а не поради нешто друго. Сакаме нашиот глас да се почитува и јасно го искажуваме разочарувањето од водењето на нашиот Милан. Овој клуб заслужува достоинство и за доброто на сите бараме од претседателот да го продаде клубот за да повторно се врати на врвот од светскиот фудбал“.

Берлускони во Милан, преку неговата компанија Fininvest, од 1986 година инвестираше стотици милиони евра, но се чини дека тие средства во последните две години пресушија, а клубот не доведе ниту едно скапо и звучно засилување.

Се чини дека капката која ја прелеа чашата беше најновата изјава на Галијани, кој рече дека Милан не може да си дозволи купување на врвни играчи, па навивачите одлучија да започнат со навистина радикални мерки.

Филип Крстевски/Таратур

3.07.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Рајкард ме тераше да играм и кога бев повреден
Рајкард ме тераше да играм и кога бев повреден
Тиери Анри, го обвини поранешниот тренер на Каталонците Франк Рајкард дека го ставал во игра дури и кога не бил подготвен.
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!