Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Македонија според странските директни инвестиции ја завршила 2007 година последна на листата од 20 држави во Централна, Источна и Југоисточна Европа, за годинава сепак е предвиден значителен растеж.

Ова се наведува во последната анализа на Виенскиот институт за меѓународни економски студии, според кој, лани во земјава нивото на странските директни инвестиции (СДИ) изнесувало 239 милиони евра.

Виенскиот институт предвидува дека Македонија ќе ја заврши 2008 година со поовина милијарда евра, што би било најголемо ниво на СДИ во земјава од 2001 година. На крајот од годината, Македонија треба да го избегне дното на листата, предвидува Институтот.

Континуираниот растеж на СДИ од 2004 кај 20-те држави, годинава ќе се намали предвидува Институтот. За 2008 се предвидени вкупно 91 милијарда евра инвестиции, за разлика од лани кога биле регистрирани 101 милијарда.

Институтот во 2008 предвидува зголемување на инвестициите само во Албанија, Македонија, Полска и Романија.

Според Виенскиот институт, лани во ЈИЕ биле инвестирани рекордни 9,072 милијарди евра, а за годинава се проектирани 1,5 милијарди помалку. Освен Македонија и Албанија, кај сите други земји во регионот е предвиден пад: Босна и Херцеговина од 1,47 милијарди на 800 милиони, Хрватска од 3,62 милијарди на 2,8; Црна Гора од милијарда на 500 милиони и Србија од 2,25 на две милијарди.

Во групите земји членки на ЕУ Романија, Бугарија и Словенија, лани привлекле седум, шест, односно една милијарда евра.

Највисоки инвестиции лани се регистрирани во Русија, над 38 милијарди евра, додека во Полска биле инвестирани речиси 13 милијарди.




Copyright 2008 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.


2.07.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +