Фудбалерот на Севиља и бразилски репрезентативец од наредната сезона ќе го носи дресот на каталонскиот гигант.
Шпанските медиуми пренесуваат дека трансферот е вреден околу 30 милиони евра, а 25-годишниот
Алвес со Барса потпиша четиригодишен договор. Одбранбениот фудбалер денес пристигна во Барселона каде ќе му биде извршен лекарски преглед, а утре и официјално ќе биде претставен пред илјадници фанови на Ноу Камп.
Алвес е третиот фудбалер од одбраната кој во овој преоден рок доаѓа во Барселона. Пред него во тимот дојдоа
Жерар Пике од Манчестер Јунајтед и
Мартин Касерес од Виљареал, додека клубот го напуштија
Џанлука Замброта и
Лилиан Турам.
Филип Крстевски/Таратур2.07.2008