Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Волшебникот вели дека ќе се израдува доколку Челзи испрати понуда за него затоа што го радува помислата за повторна соработка со Деко и Сколари и смета дека најдобрите години од неговата кариера допрва доаѓаат.

Бразилецот изјави и дека неговиот ноќен живот, за кој многу се зборува, е ист како и тогаш кога беше најдобар на светот.

Во својот разговор за бразилската телевизија Globo Роналдињо изјави дека Челзи е една од неколкуте опции за неговата фудбалска иднина: „Јас сум играч на Барселона. Фокусиран сум на тренинзите, а за мојата иднина се грижи мојот брат, така што не знам дали ќе ја напуштам Шпанија и каде ќе заминам доколку тоа се случи“.

„Драго ми е што Сколари покажа интерес за мене. Тој е исклучителен тренер кого го почитувам, а се знаеме од времето кога го водеше Гремио“.

„Доколку имам прилика за повторна соработка со него би било супер. Заедно го освоивме и Светското првенство во 2000 година, никогаш нема да му го заборавам тоа“.

Роналдињо се наврати и на настапот со Бразил на Олимписките игри во Пекинг: „Тоа е нешто што силно ме мотивира. Моја примарна цел е добро да се подготвам за Олимпијадата“.

Во сезоната која ни тој, а ни Барселона нема да ја паметат по добро многу се говореше за неговиот ноќен живот, кој според некои личности беше главната причина за неговата форма.

„Мојот живот не се менуваше. Се е исто од мојот прв ден во Барса. Секогаш излегував и никогаш немав проблеми поради тоа. Кога нема да освоиме трофеј луѓето ќе почнат да измислуваат работи и нормално секогаш виновник е тој што е носител на играта“.

„Мојот живот надвор од терените никогаш не влијаел на мојата форма“.

„И сега сметам дека најдобрите години од кариерата се пред мене. Незнам дали ќе одам во Челзи затоа што тие и немаат испратено официјална понуда за мене, а и доколку испратат јас не ветувам ништо“, како и многупати досега неизбежно беше прашањето за поврзаноста на Роналдињо и Милан, на кое Бразилецот одговори: „Точно е дека Милан испратија понуда до Барселона, но нажалост таа не ги задоволи челниците, сепак, доколку се постигне договор би бил многу среќен. Милан е клуб каде играат многу мои сонародници и мислам дека ќе се чувствувам исто како и во репрезентацијата“.

Филип Крстевски/Таратур
1.07.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +