Претседателот на Абхазија Сергеј Багапш денеска ги обвини специјалните служби на Грузија дека се вмешани во експлозијата што се случи во главниот град на отцепената грузиска република, Сухумију, и најави дека од утре ќе биде затворена административната граница која ја дели Абхазија од остатокот на Грузија.
„Од утрешниот ден границата помеѓу Абхазија и Грузија ќе биде затворена“, рече
Багапш, после денешните две експлозии во кои се ранети шест лица.
Повикувајќи ги граѓаните да останат присебни и да бидат внимателни, Багапш изјави дека „Грузија е земја на тероризмот“.
„Не можеа да не уплашат со војна и политички притисок, а сега пробуваат да не заплашат со експлозии. Меѓутоа, ситуацијата во Абхазија е под контрола на републичките власти“, тврди тој.
Абхазија прогласи независност во 1992 година, а во август таа година изби вооружена војна во кој околу 7.000 лица загинале, а повеќе од 200.000, претежно Грузијци избегале.
Војната заврши во мај 1994 година со Московскиот договор и во Абхазија се распоредени мировни сили со мандат на Заедницата на независни држави и набљудувачка мисија на Обединетите нации.

30.06.2008