Затворениците на еден строго чуван бразилски затвор на оригинален начин успевале да се снабдуваат со забранета стока во келиите, а во тоа им помагале нивните пердувести пријатели.
Затворениците во Мариља, во бразилската држава Сао Паоло со помош на гулаби писмоносци се снабдувале со дрога и делови за мобилни телефони.
Гулабите, кои се гнездат на покривот од затворот, во близина на прозорците на ќелиите, го привлекле вниманието на стражарите поради чудниот начин на летање.
Сомнежите на чуварите се потврдиле кога една жена, која доаѓала на посета кај својот маж, се обидела да излезе од затворот со два гулаби сокриени во кутија.
Птиците на нозете имале кесички што служеле за пренесување дрога и резервни делови за мобилни телефони.
Во затворот веќе била забележано поголемо количество на дрога и мобилни кај затворениците, но чуварите не знаеле на кој начин овој материјал пристигнувал во установата.
26.06.2008