(фото илустрација)
Џули Причет, 34-годишна наставничка од Алабама обвинета е дека имала полов однос со осум малолетни членови на школскиот безбол тим. Но, полицијата се сомнева дека се работи за далеку поголем број ученици, а истрагата е во тек.
Џули Причет, која е во брак девет години, во февруари годинава започнала врска со 15-годишен ученик, а подоцна им понудила секс и на другите членови на безбол тимот.
Сексуалните односи на наставничката и нејзините ученици наводно се случувале на училиште и во домовите на тинејџерите кога таму не биле нивните родители.
Џули Причет - секс предаторот
Наставничката е откриена кога еден од 15-годишниците им кажал на своите родители за наставничката, кои потоа случајот го пријавиле в полиција. Џули засега е обвинета за сексуално злоставување на двајца ученици помлади од 16 години.
Останатите ученици се постари од 16 години, односно ја преминуваат возраста кога се смета дека половиот однос е доброволен, па одбија да соработуваат со полицијата.
Училиштето каде таа ’учителствуваше’
„Изгледа наставничката има некои сериозни проблеми кои мора да ги реши, но тоа никогаш нема да го оправда ова што го направи“, изјави полицискиот портпарол
Ренди Кристијан кој ја опиша како секс предатор.
„Кога имате осум жртви, а сите се млади, ученици на кои имате големо влијание, мислам дека не е погрешно така да се карактеризира“, го искоментира називот ’секс предатор’.
Тој рече дека полицијата се уште го истражува инцидентот и дека смета оти постои оправдано сомнение дека во случајот има вмешано уште деца. На секс предаторката и се заканува 20-годишна казна затвор за сексуална злоупотреба.
25.06.2008