Live Nation, најголемата светска концертна агенција, сака да ги купи правата за организација на фестивалот Егзит.
Агенцијата која ги организира и концертите на
Мадона му понуди на Здружението Exit, 15 милиони евра за права на 10-годишна организација на најголемиот фестивал во регионот.
Освен Егзит, Лајв Нејшн би ги добил правата и за организација на Green Fest и филмскиот фестивал Cinema City, кои исто така се проекти на Здружението Егзит. Челниците на новосадскиот фестивал наводно бараат 18 милиони евра, пренесуваат српските медиуми.
Иако Live Nation веќе подолго време покажува интерес за да го преземе балканскиот пазар, преговорите за преземање на Егзит моментално се во застој затоа што не е постигнат договор за конечната сума.
Основачи на фестивалот Exit се
Иван Миливојев и
Бојан Бошковиќ од Здружението Exit, како и
Душан Ковачевиќ од Exit team. Меѓу нив веќе подолго време е актуелен судирот околу правата на користење на името и логотипот на фестивалот, а со овој факт се многу добро запознати во Лајв Нејшн.
18.06.2008