Колумбискиот министер за надворешни работи Фернандо Араухо остро ја осуди песната на првата дама на Франција Карла Бруни, која раскажува за нејзината љубов кон Никола Саркози.
„Ти си моја зависност, поопасна од авганистански хероин, поопасна од колумбиски кокаин“, пее меѓу другото
Карла, во песната која несомнено му ја посвети на францускиот претседател, веројатно не ни сонувајќи дека со својата поп кариера може да предизвика дипломатски инцидент.
Колумбијците се најдоа навредени од стиховите на Карла, а практично реагираше нивниот министер за надворешни работи
Фернандо Араухо, кој истакна:
„Кога такво нешто ќе каже или ќе отпее сопругата на францускиот претседател, тоа е многу болно за Колумбија. Жалиме поради конзумирањето на колумбиската дрога. Последица се многу жртви и насилство на улиците во Колумбија, и наместо да слушаме стихови кои ја бранат конзумацијата на дрога, од целиот свет очекуваме да ни помогнат во борбата против неа“.
Албумот
As If Nothing Happened ќе се појави на 21 јули кога е закажана официјалната промоција во Франција, а поранешната манекенка, а сега прва дама со ова веќе може да очекува одлична продажба.
13.06.2008