Вил Смит и Шарлиз Терон никако не можат да ја усогласат приказната за немилиот инцидент на снимањето на филмот Hancock. Но, едно е сигурно, неговата рака завршила на нејзиниот образ.
Шарлиз Терон остана шокирана откако актерот
Вил Смит случајно и удри шлаканица на снимањето на новиот филм
Hancock. Но, актерите не можат да се договорат како дошло до тоа.
Смит во една сцена мораше да и удри лажна шлаканица, но Терон на крајот сепак почувствувала удар.
И додека таа тврди дека тој едноставно и влепил една, тој се држи до приказната дека таа од необјасниви причини налетала на неговата рака.

„Се обиде да изведе лажиран удар, но тоа лажното не се случи. Се уште се расправаме за тоа. Мислам дека едноставно ме удри, а тој тврди дека сум налетала на неговата рака. Бев шокирана! Беше како она: ’Ти мене ме удри?’“
Актерката додаде дека инцидентот не влијаел на нивниот однос. „Ние сме како деца, многу ни е забавно. Не е тој злоставувач на жени!“
Премиерата на филмот е закажана за почетокот на јули годинава. Главните улоги ги толкуваат Вил Смит и Шарлиз Терон, а режијата е на
Питер Берг.
10.06.2008