Јасно е дека испуканите и расцветани врвови треба да ги елиминирате, но ако се стрижете кратко за да имате поздрава и погуста коса, бадијала ви е. Врска нема!
„Стрижењето на косата и бричењето на главата не влијаат на брзината на растењето, квалитетот и дебелината на влакното“, потврди и Њујорк Тајмс.
Луѓето уште одамна мислат дека стрижењето и бричењето и помагаат на косата да расте побрзо и да стане поцврста, меѓутоа бројните истражувања кои се прават од 1920-те до денес покажуваат дека должината, квалитетот и цврстината на косата зависат исклучиво од наследните својства и делувањето на хормоните, а не од тоа колку често се бричи главата.
Зошто тогаш луѓето се уште имаат погрешна претстава за растењето на косата? Можеби затоа што влакната до коренот се потемни и подебели, па со стрижењето се добива илузија дека косата станува поцврста и подебела, пишува њујоршки Тајмс.
„Освен тоа, влакната кои почнуваат да растат побричењето се пократки и поостри, па косата изгледа побујна отколку кога е подолга“, се наведува во текстот.
4.06.2008