Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Пред најблиските колеги и пријатели, вчера Влатко Стефановски го промовираше новиот блуз албум на неговото Трио „Thunder from the blue sky“.

Специјално за одбраната публика Триото (Влатко Стефановски, Ѓоко Максимовски и Дејан Милосављевиќ) покажа уште еднаш со својата енергичната и моќна изведба, дека блузот е дел од нивната душа. Токму онака како што треба да звучи блузот.


Долго најавуваниот албум, инспириран од корените на блузот и џезот, внесува една нова нишка во музичкото дело на Влатко Стефановски. Издавач на новиот албум е „Езотерија Рекордс“.

„Конечната реализација на овој албум е сублимат на внатресниот набој, стандардните блуз шаблони се само жанровска определба, бидејќи во различни стилски определби на Влатко има многу ’Blues feeling’ кој добрите познавачи на музиката го препознаваат во секоја нота. Овој албум на Влатко ке му отвори нови врати за докажување на светската музичка сцена, во што не треба да се сомневаме, рече Васја Ивановски, еден од најдобрите познавачи на светската блуз сцена на балканските простори.


На цедето се наоѓаат 15 песни, од кои 13 се обработки и две авторски композиции на Влатко, меѓу кои и насловната тема. Меѓу обработките се „Dizzy Fingers“ од Edward „Zez“ Confrey, „What`d I say“ од Ray Charles и „Hoochie Coochie Man“ од Willie Dixon.

Како гостин на албумот се појавува Холанѓанецот Јан Акерман, еден од највлијателните рок-гитаристи во историјата. Втор гостин е нашиот познат музичар, клавијатуристот Дамир Имери.

„Со ’Thunder from the blue sky’ сакав да се навратам и да покажам респект кон музиката со која растев. Блузот е мајка на џезот и на рокенролот и без тие три магични акорди, тешко е да се се свири било што. Знам дека блузот не настанал во Македонија, но со малку труд и среќа во ова време на глобализација, не е чудо да станеме извозници и на блузот“, вели Влатко Стефановски за својот најнов проект.


28.05.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +