Европското првенство се приближува, а со него на врата тропа и старото добро прашање: во која смисла гол?
Половина од европските фудбалски навивачи повеќе би сакале да гледаат важен натпревар отколку да водат љубов! Додуша, овој просек покажува значително отстапувања во одредени земји, се заклучува во истражувањето што го спроведе британската агенција СИРЦ.
Така, за фудбал побрзо би се одлучиле 72 проценти од Шпанците, 67% Норвежани, 64% Холанѓани, 62% Германци, 61% од Британците и 54% Швајцарци, вели истражувањето кое низ Европа го направи Центарот за општествени истражувања (СИРЦ).
Но, затоа предност на натпреварот наместо на водењето љубов би дале само 17 отсто од португалските навивачи, 25 проценти од италијанските, 27 отсто Французи и 30 проценти од белгиските навивачи, се вели во истражувањето спроведено меѓу две илјади фудбалски навивачи.
28.05.2008