Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com
Kликнете на сликата за да се зголеми
кликнете на сликата за да го видите Dick Assman

Ваше височество, Господ, Кур Газло, Бетмен и @, верувале или не, се имиња на луѓе. Најверојатно родителите кога им ги давале имињаta биле на тешки дроги, а има и такви што само сакале да го изразат својот став кон бирократијата и глупите закони.

Dick Assman (Кур Газло би бил евентуалниот превод), можеби ќе останеше анонимец ако во 1995 не го откриеше Дејвид Летерман. Откако се појави во неговата емисија, Дик стана славен и денес е горд сопственик на бензиска станица во Канада. Дик додуша своето презиме од германско потекло го изговара Узман, ама кој го интересира тоа.

На истиот датум како и Галилео Галилеј, 15 февруари, но во 2003 година во Канзас се роди малечкиот Urhines Kendall Icy Eight Special K. Бебето стана хит на интернет токму поради необичното име. Имено Јурхајнес на англиски се изговара исто како your highness (ваше височество). За неговите родители можеме да кажеме дека или се некои тешки забегани наркоси или прилично откачени фаци бидејќи последниот дел од името Special K, во сленг означува кетамин, позната како дрога за силување. Па на крајот преведете си како се вика малиот.

God (Господ), но со презиме Shammgod, е професионален кошаркар кој игра за Портланд Чинукс, а една сезона во 1997 година играше во НБА, за Вашингтон Визардс.

Но, не се сите родители на халуциногени дроги кога им одбираат откачени имиња. Напротив, некои тоа го прават од уште полоши побуди – борба против бирократијата и законите.

Така, еден шведски пар во 1991 протестираше против строгиот, но недоволно дефиниран закон во Шведска според кој судот има право да забрани име ако смета дека тоа не е прикладно за да биде лично име.

Детето го нарекле Brfxxccxxmnpcccclllmmnprxv- clmnckssqlbb11116 (се изговара Албин) и поради тоа биле казнети со 680 долари. Потоа поднеле барање детето да се вика само А, но со закон и имињата од една буква се забранети. На крајот морале да се помират со Албин.

Англискиот економист, физичар и финансиски експерт со целосно име Nicholas Unless-Jesus- Christ-Had-Died-For-Thee-Thou-Hadst-Been-Damned Barbon живеел во 17 век. Името му е прилично оригинално, а работата е што се пренесува од колено на колено, бидејќи и татко му имал „ковано“ додуша пократко име: Praise-God Barbon. Николас по големиот пожар во Лондон во 1666 учествувал во обновата на градот и дури ја основал првата осигурителна компанија за случај на пожар.


На Земјава не оди само Бог, туку и многу суперхерои. Така, едно момче сега е комбинација од два големи суперхерои – Бетмен и Супермен. Неговото име е Batman Bin Suparman и освен во една буква, нема никаква разлика меѓу него и стрип јунаците.

Минатата година во август светот ја обиколи веста за неименуваниот кинески пар кој своето дете сакаше да го нарече @. Во англискиот јазик овој знак се чита 'at', додека на кинески звучи ’аи та’ и значи ’го сакам’. Кај нас се чита мајмунче... убаво име за дете нели?

26.05.2008

Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!