Нашите претставници не успеаја да се пласираат во финалето за избор за песна на Евровизија. Во Белград, каде бевме потенцирани како ФИРОМ, останавме со куси ракави.
Тамара, Врчак и Адријан со композицијата „Let me love you“ не се пласираа во финалната евровизиска вечер во Белград. Во финалето влегоа Украина, Хрватска, Албанија, Исланд, Грузија, Данска, Шведска, Латвија, Турција и Португалија.
На финалната вечер што ќе се одржи на 24 мај, покрај овие десет земји ќе настапат и петте директни финалисти Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија и домаќинот Србија, како и десетте новоизбрани финалисти од првата полуфинална вечер, Грција, Романија, Босна и Херцеговина, Финска, Русија, Израел, Азербејџан, Ерменија, Полска и Норвешка.
Поврзано:
Евроконтест 2008
22.05.2008