Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Најголемиот преварант во поп музиката четврт век ќе помине в затвор. Се работи за типот кој ги промовираше Бекстрит Бојс, Н`Синк, Тејк Фајф, Џордан Најт, и уште многу други.

Луис Џеј Перлман, менаџерот на најпознатите бој бендови доби 25 години затворска казна поради измама и перење пари. Биг Поп, како што го викаат проневерил над 300 милиони долари.


Откако 53-годишниот менаџер беше осуден на четврт век затвор, неговиот адвокат се реши да поднесе жалба затоа што „казната била иста како и смртна“. Сепак, жалбата е одбиена.


Лу заработи огромни пари промовирајќи ги Backstreet Boys, 'N Sync, O-Town, групата Take 5, Џордан Најт и Арон Картер, помладиот брат на пејачот од Бекстрит Бојс, Ник Картер.

Сите овие бендови Перлман успеа да ги измами, бидејќи не постои стандарден договор во кој стои колкав процент добива менаџерот од продажбата на албуми. Обично бројката е околу 25%, плус можни 15 ако работи и како агент.

Музичарите обично доиваат од 8 до 10%, додека заработувачката од турнеите се дели и со промоторите. Кога се ќе се собере Перлман заработувал многу повеќе од било кој член од овие популарни групи.


Врвот на кариерата му беше кога со Бекстрит Бојс продаде преку сто милиони албуми и со Н`Синк преку 56. Со оглед на тоа што во тоа време беа хит бој бендовите, тогашниот успех Лу никогаш не го повтори.

Поради тоа, неговиот комфорт почна да опаѓа, па почна да се занимава со претприемништво, кое очигледно не го работел легално. Смислил план според кој угледни американски банки инвестирале во две негови фиктивни фирми кои постоеле само на хартија.

Со оглед на тоа што е познат менаџер, банките сметале дека не е потребно специјално да го проверуваат Лу и неговите идеи. Нивната претпоставнка на крајот ги чинеше над 300 милиони долари.


22.05.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +