Центарот за контрола на вселенските летови во Хјустон пред планираното полетување на вселенското летало Дисковери прогласи вонредна состојба. Уште еднаш се проверуваат сите системи. Мисијата може да се одложи и тоа поради – мравки!
Егозотичниот вид портокалови мравки, за прв пат во 2002 година во Хјустон ги откри и ги опиша дератизаторот
Том Росбери (на сликата). За нив вели дека се „луд вид“, којшто не се придржува до вообичаениот поредок на мравките. Не се однесуваат стандардно и не се движат во колонии.
Многу се агресивни, циклусот на размножување им е за 1,5 пати побрз од исто така агресивните црвени мравки, кои го тероризираат Тексас. Единствена добра работа кај портокаловите мравки е што ги уништуваат колониите на црвените.
Лошата е па тоа е што ги сакаат каналите со електрика и електроника. Тие дури ја гризат и бакарната легура, па заради тоа во ел. инсталации и во компјутерите доаѓа до кратки споеви.
Токму и од тоа се плаши НАСА – дека нагризале некој чувствителен систем што може сосема да се расипе во најлошиот момент. Дисковери треба на Меѓународната вселенска станица да го однесе главниот јапонски дел од лабораторијата - Кибо.
Портокаловите мравки најверојатно пристигнале од Карибите со некој товарен брод, а во Хјустон се одомаќиниле, ги смениле навиките и сега напредуваат отприлика околу 500 метри годишно.
Пролетва се забележани нивни колонии многу близу до вселенскиот центар. Мравките сега сериозно ги проучува ентомолошкото одделение при универзитетот А &М од Тексас, но НАСА сепак, најмногу му верува на Том Росбери, според кој овие мравки се наречени “Лудите мравки на Росбери“.
19.05.2008