Одбранбениот фудбалер на Манчестер Јунајтед потпиша нов договор според кој ќе остане на Театарот на соништата барем до 2013 година.
Овој договор веројатно значи дека
Рио Фердинанд својата кариера ќе ја заврши во Манчестер во кој пристигна пред шест години од екипата на Лидс.
„Неговиот придонес е неизмерен исто како и нашата радост по веста дека ќе остане овде уште пет години“, изјави менаџерот на тимот сер
Алекс Фергусон.
Ни самиот Рио не го криеше задоволството: „Манчестер е прекрасен клуб и пресреќен сум поради продолжената соработка. Почестен сум што сум дел од овој клуб и поради успесите кои ги имам постигнато во истиот. Сакам да му им се заблагодарам на тренерот, навивачите и челниците на клубот кои ми ја исполнија мојата животна желба“.
Филип Крстевски/Таратур 16.05.2008