Претседателот на УЕФА, Мишел Платини сака да ја прекине праксата на одредени клубови да ангажираат фудбалери помлади од 18 години.
„Нашиот претседател моментално преговара за нов закон со кој клубовите ќе мора да преговараат со првиот клуб каде што настапил одреден малолетен играч. Toj вели дека најголемите клубови имаат најдобри играчи и тренери, но доколку имаат и најдобри млади играчи, тоа ќе значи крај на фудбалот што го познаваме“, изјави советникот на
Платини и портпарол на УЕФА
Вилијам Галард.
Правилата на ФИФА забрануваат да се купуваат играчи помлади од 16, а Платини сака таа бројка да ја зголеми на 18 години, што би значело дека доколку тоа беше случај пред неколку години,
Цеск Фабрегас немаше да замине од Барселона во Арсенал.
Сепак со неговата идеја не се согласува меѓународното здружение на професионални фудбалери, чиј потпретседател
Мик МекГир изјави: „Не се согласуваме со него и нема никогаш да се согласиме. Децата имаат родители и тие се оние кои треба да одлучат за него“.
Филип Крстевски/Таратур 16.05.2008