Анкета
Најнова Фотка
Миљеници бакшиш
Аирлија нека е!
Airlija

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

В четврток, на 22 мај, со настапот на најпознатата кошаркарска атракција во светот, Харлем Глобтротерс свечено ќе се пушти во работа новата спортска сала „Борис Трајковски“.

Салата е започната со изградба во јануари 2004. Во 2007. Владата на Република Македонија ја презеде доизградбата на салата, и ја заврши во експресно краток рок.

„Борис Трајковски“ е првата повеќенаменска спортска сала во Република Македонија. Има две сали, кои можат да се користат за најразлични спортски активности, како кошарка, одбојка, ракомет, гимнастика, пинг понг, бокс.

(Фото: Дневник)

Салата располага со современа спортска опрема, фитнес и спа центар, куглана, како и три ресторантски објекти. Во склоп на салата постои простор за конференции за печат, но и специјално опремени новинарски ложи од кои медиумите ќе можат да ги проследуваат спортските настани.

Салата "Борис Трајковски" располага со паркинг простор за 800 возила, 32 автобуси, 3 репортажни возила, како и специјално адаптирани влезови за лица со инвалидитет.


Харлем Глобтротерс е кошаркарска егзибиција која ги комбинира атлетиката и комедијата. Повеќе од седум децении, Харлем Глобтротерс, извршија огромно влијание врз кошарката низ целиот свет. Годинава ја реализираат својата 52-ра "Magic As Ever" светска турнеја.

Македонија ќе биде 119-та земја која Глобтротерсите ќе ја посетат во својата 82 годишна историја. Годинава одиграа 150 меча на сите континенти. Во Шпанија ја преполнија олимписката сала Palau San Jordi, во Англија се едни од ретките забавувачи кои не играат фудбал, а настапиле во Wembley арената.

Тие се првиот спортски тим кој е приклучен во Wembley Arena's Square of Fame кој опфаќа печати од дланки на најголените светски забавувачи од калибарот на Сер Пол Макартни. Нив ги гледале над 128 милиони фанови од целиот свет.


Неколку интересни факти за Црните бисери:

- Приказната на Харлем Глобтротерс, започнува во далечната 1926г. во Чикаго, Илиноис од страна на Abe Saperstein.

- Во 1930г. тимот веќе оди на турнеи низ неколку држави во САД и се пренаменуваат во Харлем Њу Јорк Глобетротерс, ставајќи акцент на тоа дека сите играчи се со афро-американско потекло.

- До 1940г. Харлем го играат својот 2.000 натпревар и постигнуваат се поголема популарност, завршувајќи ја сезоната со резултат од 159-8.

- По завршувањето на 2 светска војна, Харлемс го имаат својот прв настап вон САД, на Хаваи.

- После 20 години од нивното постоење, 3.000 натпревари, освојување на светскиот шампионат во кошарка, и победнички резултати со 97% успех, стекнуваат национално и интернационално признанание за нив но и за спортот кој го играат.

- Brother Bones' "Sweet Georgia Brown" е тимската песна која се пее на секој натпревар. Глоби е нивната препознатлива маскота од 1993 година.

- Многу од познатите светски кошаркарски имиња го имаат забавувано светот во униформата на Глобтротерс.

- Глобтротерите имаат играно повеќе од 20,000 натпревари и забавувале претседатели и папи.

- Харлемите се Амбасадори на Добра Воља кои ги освоија срцата на милиони фанови на кошарката низ целиот свет, млади и стари....

- Харлем Глобтротерс после 82 години постоење, се уште продолжуваат да ја восхитуваат публиката низ целиот свет....




14.05.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Ливерпул ризикува да го загуби Торес
Ливерпул ризикува да го загуби Торес
slikaКако што велат англиските медиуми, одложувањето на преговорите за нов договор со Бенитез може да се одразат и на неговиот сонародник, кој воедно е и најефикасен фудбалер во клубот.
Кол и Тери ќе ја пропуштат Белорусија
Кол и Тери ќе ја пропуштат Белорусија
slikaДвајцата дефанзивци ќе го пропуштат наредниот натпревар во кој Англија, на гостински терен, ќе се обиде да ја совлада репрезентацијата на Белорусија.
Видео: Бразил славеше во Венецуела
Видео: Бразил славеше во Венецуела
slikaБразилците немаа поголеми проблеми да слават на гостувањето во Венецуела, а за тоа се погрижија ѕвездите Кака, Робињо и Адриано.
Курањи исфрлен од репрезентацијата
Курањи исфрлен од репрезентацијата
slikaСелекторот на Германија Јоаким Лев го исфрли напаѓачот Кевин Курањи од репрезентацијата заради повреда на дисциплината.
Возбудлива трка со многу казни и неочекуван расплет
Возбудлива трка со многу казни и неочекуван расплет
slikaПо највозбудливот старт досега сезонава, и уште неколкуте контроверзни и казнети преминувања, Фернандо Алонсо изненадувачки стигна до неговата втора по ред победа оваа сезона, 21 во кариерата.
Квалификации за СП2010 - резултати и видео
Квалификации за СП2010 - резултати и видео
slikaВо третото коло од квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во 2010 во Јужна Африка, фаворитите беа речиси секаде поуспешни. Во нашата група, Шкотска и Норвешка ремизираа.
Се повеќе фан клубови на Хофенхајм
Се повеќе фан клубови на Хофенхајм
slikaШто имаат Бризбејн, Бангкок и Берлин заедничко? Сите градови имаат фан клуб за Хофенхајм, што е навистина одлично за новодојденец во Бундеслигата кој имаше само еден официјален фан клуб до 2006.
Резултати сега!
slika