Капитенот и легендата на Милан се чини дека ќе ја продолжи кариерата, односно ќе го одложи пензионирањето за уште една година.
„Мислам дека ќе продолжам, а околу тоа ќе разговарам со челниците уште наредниот викенд. Се уште ништо не е официјално. Не мора да бидам под договор, важно е само
Силвио усно да ми потврди дека и догодина ќе сметаат на мене. Размислувам за продолжување затоа што сум премногу врзан за овој клуб. Каде и да одам луѓето буквално ме молат да не се пензионирам. Дури неодамна имаше петиција на која се потпишаа скоро 3 милиони навивачи. Не смеам да ги изневерам. Дури и физичката состојба ми се подобрува и се надевам дека нема да погрешам со мојата одлука“, изјави
Малдини во интервју кое одеше на италијанската државна телевизија.
Се чини дека неговата одлука нема да зависи од пласманот во Лигата на шампионите, кој засега се чини немозможен затоа што Фиорентина има предност на едно коло до крајот.
„Ќе биде големо разочарување доколку не се пласираме во Лигата на шампионите. Но ние не се предаваме затоа што сите видоа како се игра оваа сезона. Дури и фудбалерите на кои бодовите не им значат ништо знаат да победат. Се надеваме дека Торино ќе го потврди тоа против Фиорентина. Иднината повеќе не е во наши раце“, додаде Малдини.
За да се пласира Милан во Лигата треба да победи на домашен терен против Удинезе, а Торино кој обезбеди опстанок да остане непоразен против Фиорентина.
Филип Крстевски/Таратур 14.05.2008