Полицијата почна со детална потрага во подрумот на Јозеф Фрицл бидејќи постои сомневање дека има уште закопани тела. Австрискиот монструм лавиринтите ги градел шест години и при тоа ископал дури 231 тон земја.
Полицијата во подрумот во куќата на
Јозеф Фритцл пронашла уште простории. Некои од нив со години не биле користени. Него го поврзуваат и со некои неразрешени убиства.
Сите „градежнички работи“ Фрицл ги извршил така што никој не го забележал. Испразнил околу 17 камиони земја, скоро седум пати повеќе отколку што имал дозвола. Поминал дури шест години градејќи лавиринти во своето подземно „кралство“.

Шокантната приказна, објавена пред неколку недели, секој ден станува се` пострашна.
Австриската полиција со помош на кучиња трагачи и софистицирани радари го пребарува подрачјето околу куќата на монструмот Фритцл во потрага по скриени трупови. Полицијата го поврзува со многу неразрешени убиства кои се случиле во изминатите 40 години.

Потврдено е дека во темниците се пронајдени уште простории. Некои од нив Фритцл ги затворил пред многу години и никој не ги користел, а полицијата стравува дека во темниците може да пронајде докази за уште злосторства.
Во работната соба на Фритцл веќе се пронајдени книги со трошоците и сите пресметки за облека, храна и инвентар кој во текот на 24 години тој ги купувал за
Елизабет и своите три деца кои живееле во подрумот.
14.05.2008