Местото на злосторството (фото: Билд)
Од Австрија доаѓа вест за ново брутално злосторство – 39-годишен маж со секира ги убил ќерката, сопругата, нејзината мајка и своите родители. Ја повикал полицијата и ладнокрвно го признал убиството.
„Во мојот стан лежат мртви мојата седумгодишна ќерка и сопругата“, рекол убиецот при телефонскиот повик до полицијата.
Австриската полиција веднаш реагирала и го привела 39-годишниот маж, осомничен дека убил пет членови на своето семејство во три различни града.
Откако со секира го убил целото семејство, Австриецот се обидел да се обеси, но неуспешно.
Портпаролката на полицијата,
Карин Стрицек изјави дека рано утрово еден човек се пријавил во полициската станица во Виена и изјавил дека во својот дом ги убил сопругата и седумгодишната ќерка. Таа потврди дека полицијата ги пронашла убиените тела и утврдила дека се убиени со секира.
Стрицек, исто така, рече дека полицијата пронашла тела и на неговите родители и мајката на неговата сопруга во Линц и Ансфелден во Горна Австрија и се претпоставува дека ги убил ден претходно.
Останатите факти и информации околу мотивите и другите детали ќе се дознаат по истрагата.
14.05.2008