Најнова Фотка
Ву две
Аирлија нека е!
Airlija

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Во животот веројатно сте се изнаслушале глупости кои дури ве уверувале дека и статистички се докажани. И во право сте биле ако не сте им поверувале, бидејќи повеќето апсурдни факти, обично се само тоа.... апсурдни!

Секогаш кога ќе слушнете некој шокантен податок, за кој тешко можете да поверувате дека е вистина – па и немојте, бидејќи веројатно не е. Еве неколку често повторувани, лажни урбани митови:

1. Годишно проголтувате осум пајаци додека спиете
Пајаците имаат силен инстинкт за преживување и знаат дека пикањето во топла, влажна уста без разлика дали кај луѓе или кај животни и не е најпаметна идеја.

Оваа гласина се прошири во 1993 кога колумнистката на ПС Профешнал Лиза Холст се реши да докаже дека луѓето ќе поверуваат баш во се` што ќе видат или прочитаат на интернет.


2. Користиме само 10 посто од нашиот мозок
Деловите на мозокот се специјализирани, па ако се обидете да ги користите сите одеднаш, тоа нема да ве направи ништо попаметен. Тоа би било отприлика исто како да се обидувате да станете подобар писател со тоа што ќе ги користите сите букви од тастатурата одеднаш.

Повеќе неуролози открија дека луѓето можат да функционираат кога ќе им се отстранат одредени делови од мозокот, што со тек на време, погрешно беше интерпретирано дека луѓето користат само мал дел од својот мозочен потенцијал.


3. Мажите мислат на секс на секои седум секунди
Ако мажите навистина на секои седум секунди помислуваат на секс, тешко нив. Ќе немаа време за ништо друго. Напротив, експертите утврдија дека дури 30 посто од мажите во текот на денот воопшто не помислуваат на секс.

Постојат многу верзии за овој мит, но не се знае со сигурност кој го започнал и како и зошто дошол до овој заклучок.


4. Дури половина час по јадење смееш да пливаш
Зошто не е вистина? Затоа што едноставно не е. Не си гремлин, а и нема да се претвориш во чудовиште ако се фрлиш во вода откако ќе ручаш. Пливањето нема никаков поинаков ефект на телото од прошетката по јадење.

Овој мит потекнува од приказните на старите жени кои со текот на годините станале популарни. Наводно желудникот при варење на храната користи кислород, кој им е потребен на мускулите при пливање. Но, без гајле, вашите мускули си наоѓаат доволно кислород за пливање.


5. Стапката на самоубиства расте околу Божик
Всушност, стапката на самоубиства во овој период значително опаѓа. Зошто? Иако е депресивно да бидеш сам на Божик, воглавно луѓето тогаш и не се сами. Вистински подвиг е да направиш самоубиство кога покрај себе секогаш имаш некој кој те тормози со огромни количини храна и секакви подароци.

Како воопшто оваа вест се проширила? Па сите сме всушност подеднакво виновни за тоа. Поради тмурното време кое го зафаќа зимскиот период кога е Божик мислиме дека и луѓето се подепресивни, па ако некој се убие тогаш – го обвинуваме „лошиот период“.


14.05.2008

Гледајте фудбал
Спорт
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
Аргентинецот Скелото цар во американската лига!
slikaПлејмејкерот на Колумбус Кру, Гиљермо Барос Скелото е прогласен за најкорисен фудбалер на основниот дел на американската професионална фудбалска лига.
Рамос ќе го наследи Малдини
Рамос ќе го наследи Малдини
slikaЛегендарниот капитен на Милан на крајот од сезоната ќе се прости со фудбалот. Како најсериозен конкурент за неговото место се смета Шпанецот Серхио Рамос.
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
Силва: Роналдо се обиде да ми ја скрши ногата
slikaВо пријателскиот натпревар Бразил ја збриша Португалија со 6:2, а фудбалерите на најфудбалската нација го обвинија Роналдо прегруба игра и намерни остри стартови.
Амаури: Интер игра просечно
Амаури: Интер игра просечно
slikaУспешната победничка низа внесе оптимизам кај фудбалерите на Јувентус, кои се надеваат на победа во големото дерби со Интер.
Донован потпиша за Баерн Минхен
Донован потпиша за Баерн Минхен
slikaГерманскиот гигант објави дека американскиот репрезентативец Лендон Донован е нов играч на тој клуб.
Погледнете го успешното деби на Марадона
Погледнете го успешното деби на Марадона
slikaВо натпреварот што можевте во живо да го следите на Таратур, легендата на аргентинскиот фудбал на Хемпден Парк имаше одлична премира како селектор.
Видео: Загубивме од Црна Гора
Видео: Загубивме од Црна Гора
slikaНашите репрезентативци повторно покажаа променлива игра. Во првиот дел игравме очајно и примивме 2 погодоци, додека во вториот одигравме нешто подобро и успеавме да намалиме.
Desno


Резултати сега!
slika
Топки +