Со астрономска понуда од 32 милиони фунти Интер планира да го истисне Тотенхем од трката за камерунскиот напаѓач на Барселона.
По трансферот на
Лука Модриќ следна мета на
Хуанде Рамос е
Ето, но Барса е заинтересирана единствено ако кон Ноу Камп тргне напаѓачот на спарсите
Димитар Бербатов.
Според медиумите Интер и понудил на Барселона дури 32 милиони фунти за Камерунецот со што сакаат да ја искористат чистката во каталонскиот клуб најавена за летово.
Интер најверојатно на крајот од летото ќе остане без двоецот
Круз - Креспо, па го гледа Ето како идеална замена за Аргентинците.
Филип Крстевски/Таратур 13.05.2008