Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Во последните неколку недели членовите на ОМО “Илинден“ ПИРИН биле викани во полициската станица во Благоевград и распрашувани за нивното членство во партијата, се вели во денешното соопштение до јавноста на организацијата на Македонците во Бугарија.

„Во поканите не е посочено јасно за што точно се викани во полиција, но за сметка на тоа, со големи букви е посочено дека нивното појавување е задолжително и е приложен лист со текст за казната доколку не се јават на повикот. Некои не добиваат ни писмена, туку само усна покана“, тврдат од ОМО Илинден ПИРИН.

Како што било истакнато на прес-конференција на партијата, кога ќе заминат во полиција, таму не им објаснуваат дали има обвинение, против кого, за што и врз основа на кој закон, туку едноставно им биле поставувани прашања од типот: Дали сте член на ОМО Илинден-ПИРИН?, Кој ви предложи да станете член и кого познавате во партијата?, Дали ви се нудени пари да станете член на партијата?, Ви се заканувале ли за да станете член?, Дали сте биле во странство за време на формирање на партијата?, Дали сте членувале во друга партија?, Која националност сте?.

На крајот, како што велат од партијата, членовите биле терани да се потпишат од десет до дваесет пати во различни позиции (исправено, седејќи и клечејќи). се потпишувале или под писмените изјави, или на празен лист.

„Во ретките случаи кога им се дава објаснување зошто треба да се потпишат толку пати, биле заблудувани дека тоа се правело за да им се споредат потписите. Дејството е максимално понижувачки“, објаснуваат од партијата.

Досега се испрашани десетици членови од општините Симитли и Благоевград, а акцијата продолжува. Според неофицијални информации, само во полицијата во Благоевград ќе бидат на распит 180 лица. Овогодишната кампања на повикување членови на ОМО Илинден-ПИРИН е повторување на вакви активности во 2006 година кога во полиција биле повикани 5.000 членови на партијата.

Според официјални информации пак, резултатите од акцијата од 2006 година се наоѓаат во обвинителството во Благоевград, со цел да се востанови дали имаат извршено престапи. Новата акција, како што се произнесуваат од партијата, не успеала да ги потврди таквите информации.

“Овој случај е уникатен, како за Бугарија, така и за Европската унија, по паѓањето на комунизмот. Тоа е директно и брутално мешање на државата во слободата на здружување и обид да се задуши единствената партија во државата што има смелост да се заложи за правата на дискримираното македонско малцинство во Бугарија. Ги повикуваме сите институции да го преземат неопходното за ад се стави крај на ова безобразие. Доколку малтретирањето на нашите членови продолжи, ОМО Илинден-ПИРИН ќе ги преземе сите законски мерки за виновниците за вакви престапи да не останат неказнети“, истакнуваат од партијата.

Македонската алијанса ја повикува Владата да интервенира при злоставувањето на Македонци

Деновиве сме сведоци на обновување на агресивни акти насочени кон Македонците во Бугарија и во Грција. Додека во Бугарија се води кампања на малтретирање на локални Македонци, членови на ОМО Илинден ПИРИН, со шиканирање во полициските станици во Грција на неколку наврати се тепани и малтретирани наши сограѓани. По повод овие настани претседателот на Македонската алијанса Џорџ Атанасоски ја даде следната изјава:

"Ги повикувам надлежните власти да интервнираат во сите случаи кога се злоставуваат Македонците каде и да се. Тоа е и уставна обврска на Владата. Со ваквите случки мора да се запознаат и ЕУ и ОН. Срамота е за ЕУ да дозволува на своја територија работи кои се типични за репресивни диктатори, а не за земји кои се декларираат за демократии" изјави Атанасоски.



12.05.2008

ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!