Елизабета Клинчаревска-Ели
Театарската трупа “Сенки и облаци” од Скопје во периодот од 13 до 18 мај ке гостува на деветтиот Интернационален Театарски фестивал “Лут Фест” во Сараево.
Тие ке се претстават со “Силјан Штркот”, претстава направена по мотивите на народната приказна запишана од
Марко Цепенков. Тексот во претставата е осовременет, адаптиран, а со тоа и поблизок и поразбирлив и за најмладата популација.
Формата и изразот се исклучително интересни бидејќи се работи за театар на сенки. Оваа специфична театарска форма заслужува посебно внимание, затоа што после многу години оваа трупа ја обновува на најдобар можен начин со користење на нови изразни средства и богат колорит во однос на позадините и комплетната сценографија.
Музиката која е специјално направена за оваа претстава, одлично ја следи нарацијата и дијалозите и како поткрепа на визуелниот дел многу помага во целосното доживување.
Автори и изведувачи на оваа претстава се актерите
Круме Стефановски, Елизабета Клинчаревска-Ели и Сања П. Миланова.
Домашната публика ќе може да ја види оваа престава во рамките на Баскерфест, уличниот фестивал во Скопје кој ќе се одржи од 31 мај до 8 јуни. Со ова публиката ќе има можност да влезе во царството на сенките и целосно да ужива.
12.05.2008