Анкета
Најнова Фотка
1,2, па и повеќе

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Венецуелскиот претседател Хуго Чавез кон крајот на мај ќе ја посети Москва, каде ќе потпише договор со Русија за купување на воена опрема вреден неверојатни два милијарди долари.

Чавез ќе ја посети Русија кон крајот на мај, за да потпише нови руско – венецуелски договори за воена и техничка соработка“, пишува весникот Комерсант.

Венецуелскиот лидер и новиот руски претседател Дмитриј Медведев уште во март, преку телефонски разговор се договорија да остварат меѓусебни посети.

„Комерсант“ посочува дека договорите со Венецуела очигледно ќе бидат првата голема воена зделка, потпишана од новиот руски претседател.

Според Комерсант, Каракас во 2008 ќе купи десет руски авиони Иљушин-76-МД-90, два Иљушин-78МК, десет борбени хеликоптери Ми-28НЕ и четири руски подморници тип 636.

Русија за повеќе од три милијарди долари веќе и продаде на Венецуела 24 ловци Сухои, 53 хеликоптери и 100.000 парчиња калашников.

Чавез ја обвини Колумбија дека сака да ја вовлече Венецуела во војна

Хуго Чавез го обвини својот колега Алвар Урибе дека се обидува да ја вовлече Венецуела во војна со што би ја оправдал евентуалната американска воена интервенција против неговата земја.

„Владата на Колумбија се подготвува да предизвика војна со Венецуела како би ја оправдала американската интервенција во Венецуела“, изјави вчера Чавез, порачувајќи му на Урибе, кој има поддршка во Вашингтон, добро да размисли што ќе направи.

Колумбија во март нападна еден логор во Еквадор и го уби лидерот на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), предизвикувајќи дипломатска криза со Еквадор и Венецуела.

Чавез тогаш ја обвини Колумбија за провоцирање на војна и ја нарече „терористичка држава“, а Урибе продолжена рака на САД.


12.05.2008

Гледајте фудбал
Спорт
И БАТЕ во Лигата на шампиони
И БАТЕ во Лигата на шампиони
Неверојатно, но белорускиот БАТЕ Борисов ќе го гледаме во Лигата на шампионите. На крилјата на сјајниот Аргентинец Серхио Агуеро и Атлетико избори пласман, откако го елиминираше Шалке.
Виља дефинитивно останува!
Виља дефинитивно останува!
Многубројните шпекулации за заминување на Виља од Валенсија нема да се остварат. Првиот стрелец на ЕУРО 2008 ќе остане Лилјак до 2014 година.
Мурињо: Шевченко беше како принц
Мурињо: Шевченко беше како принц
Шевченко откако замина во Челзи и имаше две неуспешни сезони се врати во клубот во кој го достигна својот врв, а поранешниот негов менаџер, сегашниот ривал тренерот на Интер Жозе Мурињо објасни зошто Шева не успеал на Стемфорд Бриџ.
Болт може да истрча 9.52?
Болт може да истрча 9.52?
Трократниот олимписки првак, Јамајканецот Усаин Болт можел во финалето на трката од 100 метри на ОИ во Пекинг да истрча со резултат од 9.52 доколку десетина метри пред целта не почнaл да ја слави победата, изјави неговиот тренер Глен Милс.
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Сите бегаат од Манчестер, јас би одел во Шпанија!
Српскиот репрезентативец Немања Видиќ даде интересно интервју за рускиот магазин Football weekly каде што се осврна на начинот на живот во северозападна Англија.

Резултати сега!