Анкета
Најнова Фотка
Бетмен форевер

Испрати на пријател

ОдДо


Содржина од Taratur.com

Коалицијата од Тадиќ освои 38.7 посто од гласовите, радикалите на Шешељ скоро 30 проценти, Коштуница 11,3. На изборите излегоа 61 посто од избирачкото тело.

Коалицијата „За Европска Србија“ предводена од Демократската партија на српскиот претседател Борис Тадиќ победи на предвремените парламентарни избор во Србија.

Последните резултати на Републичката изборна комисија покажаа дека од изработените 85 отсто од гласовите, коалицијата од Тадиќ, освои 38 отсто или 103 пратенички места, а Радикалната партија на Србија освои 29,1 отсто од гласовите или 77 пратеници.

Демократската партија на Србија на поранешниот премиер Воислав Коштуница освои 11,3 отсто или 30 пратеници, Социјалистичката партија освои 8,3 отсто или 21 пратенички места и Либерално демократската партија освои 5,2 отсто или 13 пратеници.

За добивање на мнозинството во српскиот парламент потребни се 126 пратенички места, кои Тадиќ ќе се обиде да ги добие од другите помали партии.

„Дефинитивно е јасно дека Листата за европска Србија однесе уверлива победа“, посочи Тадиќ и додаде дека неговата коалиција ќе биде клучен фактор во новата влада.

Заменикот претседател на радикалите Томислав Николиќ оцени дека Тадиќ со заканите дека нема да дозволи постизборна коалиција во која нема да биде неговата Демократска партија грубо го прекршил уставот. Николиќ, притоа, наговести и граѓански немири.

Тој рече дека е „многу изгледна“ владеjачка коалиција без Демократската партија и повтори дека радикалите се подготвени за договор со коалицијата на Коштуница и Илиќ.

Коштуница изјави дека неговата коалиција нема да се откаже од политичките и државните принципи што ги застапуваше во кампањата и укажува дека разликите со коалицијата на Тадиќ се непремостливи.

Европската унија, во првата реакција на резултатите од парламентарните избори во Србија „топло ја поздрави јасната победа на проевропските сили“



12.05.2008

ЕУРО2008
ЕУРО Распоред
Спорт
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Лазаров прими признание за најдобар стрелец
Македонската гордост, ракометарот Кире Лазаров на гала свеченоста во Гетеборг, го прими признанието за најдобар стрелец во Лигата на шампионите.
Аршавин заминува во Челзи
Аршавин заминува во Челзи
Британскиот The Mirror тврди дека рускиот клуб ја прифатил понудата од 12 милиони фунти за нивниот најдобар фудбалер кој при крајот на неделата би требало да се пресели во Лондон.
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Дрогба во Мадрид, Робињо во Лондон
Напаѓачот на Челзи би можел од наредната сезона да ги брани боите на Реал Мадрид, а како замена во редовите на сините да пристигне Бразилецот Робињо.
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Сагата продолжува - Де Азис вели: Роналдињо 90% e во Милан
Братот, а воедно и менаџер на бразилскиот волшебник излезе со најнова изјава, овојпат недостасуваат само 10 % за Бразилецот конечно да го облече црвено црниот дрес.
Пет години Романово царство
Пет години Романово царство
Рускиот тајкун на Челзи во овој период потроши неверојатни 690 милиони евра, од што 474 милиони на фудбалери. За возврат доби шест трофеи, од кои две титули англиски шампион.

Резултати сега!