Ф1 хитот од минатата сезона ја запозна помладата сестра на Кајли Миног на ГН на Австралија. И веднаш се разгорела љубов. Австралијката склона на скандали можеби сепак ќе се смири со 13 години помладото момче.
Ако сезонава на патеките и не му тргна баш како што очекуваше
Луис Хамилтон не треба да се грижи за успех кај спротивниот пол. Оние кои подобро го познаваат возачот на Мекларен тврдат дека секогаш имал добар вкус.

Шармантниот 23-годишен Британец овој пат и го сврте паметот на 13 и пол години постарата
Дани Миног, помладата сестра на светски славната пејачка
Кајли.

За разлика од мегапопуларната сестра, која со своите песни стекна светска слава, Дани во медиумите најчесто присуствуваше поради разни скандали, меѓу кои најпознатиот беше пред повеќе од две години, кога беше фатена од сигурносните камери во лезбиска акција во еден стриптиз клуб.

„Наскоро треба да дојдам во Монако за да се најдам со мојот Луис“, кратко одговори Дани на прашањето на љубопитните новинари кои сакаа да откријат дали навистина има нешто меѓу нив.

Иако и двајцата официјално немаат потврдено, нема сомнение дека меѓу поранешната ТВ водителка и младиот Ф1 шофер веќе пламна љубовната искра, откако се запознаа пред ГН на Австралија, на 16 март годинава.

Според австралиските таблоиди, од првиот момент меѓу Луис и Дани можела да се осети привлечност. Додека и го покажувал боксот на Мекларен и својот болид, Британецот останал без зборови од знаењето кое го има Австралијката за моќните Ф1 машини.

Тоа и не треба никого да чуди, бидејќи Дани Миног во 1999 беше свршена за канадскиот возач Жак Вилнев, светскиот Ф1 првак од 1997 година. Сега изгледа, се одлучи за многу помлад и најверојатно иден светски шампион.
9.05.2008